Составот на Гевгелија ја забележа првата победа во Супер лигата, откако го совлада тимот на Спартак со 35-29.
Гевгелија на пауза замина со предност од 17-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на ракометарките од Гевгелија, за триумф против Спартак.
Најефикасна во тимот на Гевгелија беше Мери Гичева со девет гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со 14 погодоци.
(фото-ЖРК Гевгелија)📷