Екипата на Деспина ја оствари првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Кузман Вардар со резултат 31-22.
Домаќинот Деспина на полувреме замина со предност од 17-12. Во второто полувреме Деспина продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Кузман Вардар.
Најефикасна во екипата на Деспина беше Михаела Петреска со девет гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Сандра Јовевска исто така со девет гола.
(фото-ЖРК Деспина)📷