Преспа 2015

Прва победа за Преспа во Првата лига, совладан Шампион

Ракометарите на Преспа забележаа прва победа на домашен терен во Првата лига против екипата на Шампион со конечни 21-15.

Составот на Преспа на полувреме замина со предност од 11-7. Во вториот дел од натпреварот Преспа продолжи со добрата игра, а Шампион со една постава неможеше ништо да направи и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен кај Преспа беше Андреј Божиновски со пет погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Александар Велјановски исто така со пет погодоци.

Рк Преспа 2015 21-15 Рк Шампион

(фото-Рк Преспа 2015)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.