Екипата на Скопје 2020 дојде до првата победа во Суперлигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Радовиш со конечни 27-23.
Во првиот дел од натпреварот се играше гол за гол, а Радовиш успеа да замине со предност на полувремето од 11-12. Во вториот дел од натпреварот екипата на Скопје 2020 се разбуди и успеа да направи добра серија за на крај да ја прослави првата победа во Суперлигата.
Најефикасен во екипата на Скопје 2020 беше Александар Василевски со десет погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов со седум погодоци.
Рк Скопје 2020 27-23 Рк Радовиш
(фото-Рк Скопје 2020)📷