Тимот од Свети Николе, Овче Поле ја забележа првата победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Бисинов Фруит Ленд со резултат 29-27.
Во првото полувреме двете екипи беа рамноправен противник, па на пауза заминаа со нерешени 13-13. Во второто полувреме Овче Поле со добра одбрана и добар напад успеа да слави победа против Бисинов Фруит Ленд.
Најефикасен во составот на Овче Поле беше Бојан Гичев со седум погодоци, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Мартин Иванов исто така со седум погодоци.

(фото-ГРК Овче Поле)📷