Годинава, во организација на Градскиот ракометен клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид ќе се одржи прво издание на меморијалниот турнир “КРСТЕ АНДОНОВСКИ -УСТАШ” кој се очекува да прерасне во традиција.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала Билјанини Извори на 27ми и 28ми август во формат на натпреварување: 27ми (сабота) два полуфинални натпревари (ќе се одредат со ждрепка) и 28ми (недела) натпревар за 3то место и финале.
Учесници на турнирот ќе бидат трите екипи од Македонија, Охрид, Тиквеш 2014 и Тинекс Пролет, и четвртата екипа од Србија, Партизан.
Меморијалниот турнир е наречен во чест на Крсте Андоновски – Усташ, кој има оставено белег на охридскиот, македонскиот и југословенскиот ракомет. Крсте Андоновски – роден 1936, починал 2003 година. Долгогодишен селектор на Македонската машка сениорска и младинска репрезентација. Член на стручен совет на СФРЈ во кој совет членуваа по еден тренер од секоја република и покраина. Тренер на ЕМО Охрид, ОТЕКС Охрид, Пелистер, Тутунски Комбинат, Прилеп и Партизан Кичево.

(фото – ГРК Охрид)📷