Предраг Вејин во екипата на Охрид до 2027 година

Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата промовираше нов ракометар за следната сезона.

ГРК Охрид потпиша со десниот бек верност на 2 години. Вејин (32 години, 199 цм) има преку 30 официјални настапи за репрезентацијата на Србија. Има богата кариера зад себе, настапи во Лигата на шампиони и ЕХФ Европските Купови.

Доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција), а пред тоа го носеше дресот на Нексе Нашице (Хрватска), Висла Плоцк (Полска), Рамат Хашарон (Израел), Металург (Македонија), Адемар Леон (Шпанија), Данкерк (Франција) и Металопластика (Србија).

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *