На 19 мај 2002 година женскиот тим на Кометал Ѓорче Петров е запишан во историјата на Македонија, македонскиот спорт и македонскиот ракомет.
Пред 21 година, екипата на Кометал Ѓорче Петров во реванш натпреварот од финалето го победи Херц Ференцварош со 26-22 и ја освои Лигата на шампионите, додека првиот натпревар заврши со победа на унгарскиот тим од 27-25.
За тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ настапуваа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска.
(фото – Архива)📷