Составот на Преспа 2015 го совлада тимот на Партизан Гевгелија со резултат 31-25 во Првата лига.
Преспа 2015 немаше проблеми за освојување на бодовите против Партизан Гевгелија. На полувреме Преспа 2015 имаше предност од 15-9, а во второто полувреме тимот од Ресен ја завери победата против екипата од Гевгелија.
Најефикасен во екипата на Преспа 2015 беше Филип Шиклевски со 11 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Минов со десет погодоци.
(фото-Рк Преспа 2015)📷