Екипата на Преспа 2015 забележа убедлива победа против Текстилец со 32-22 во плеј-аутот во Првата лига.
Тимот на Преспа 2015 на пауза имаше предност од 16-9. Во второто полувреме Преспа 2015 ја зголеми предноста за на крај да слави убедлива победа против Текстилец.
Најефикасен кај екипата на Преспа 2015 беше Андреј Божиновски со осум погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Александар Димитров исто така со осум погодоци.
(фото-Рк Преспа 2015)📷