Ракометарите на Преспа 2015 со победа се враќаат од гостувањето во Велес кај екипата на Борец, откако славеа со резултат 31-23.
Гостите од Ресен имаа водство на полувреме од 17-13. Во второто полувреме Преспа 2015 продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада Борец.
Најефикасен во екипата на Преспа 2015 беше Мартин Табаковски со осум гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Стефан Гугуталиев со шест гола.
(фото-Рк Преспа 2015)📷