Екипата на Преспа забележа победа против екипата на Партизан Гевгелија со конечни 30-26 во натпревар од Првата лига.
На полувреме беше нерешено со резултат 13-13. Во второто полувреме двете екипи го менуваа водството, но на крај Преспа прослави победа против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во редовите на Преспа беше Драган Ивановски со шест гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасни беа Горан Лисичков и Илија Пејковски исто така со по шест гола.
(фото – ГРК Преспа 2025)📷








