Екипата на Преспа забележа победа во плеј-аутот од Првата лига, откако на домашен терен ја совлада Јехона со 29-24.
Јехона го презеде водството, но Преспа со пресврт успеа да ја врати предноста и на пауза да замине со 12-8. Во второто полувреме Преспа продолжи да го контролира резултатот, па на крај да триумфира против Јехона.
Најдобри стрелци во екипата на Преспа беа Филип Шиклевски и Били Мишевски со по осум гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Мојсие Тасески со шест гола.
(фото – Рк Преспа 2015)📷