Ракометарите на Преспа 2015 славеа победа против екипата на Кичево 2020 со конечни 22-20 во плеј-аутот во Првата лига.
Првото полувреме беше драматично и неизвесно па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 9-9. Во вториот исто така беше неизвесно но на крај Преспа 2015 успеа да слави против Кичево 2020. Во 58. минута црвен картон заработи голманот на Кичево 2020, Дејан Михајлоски кој исто така е и тренер на екипата.
Најефикасен во екипата на Преспа 2015 беше Андреј Божиновски со девет погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Мојсие Тасески со седум погодоци.
(фото-Рк Преспа 2015)📷