Преспа убедлива против Астраион

Составот на Преспа 2015 забележа убедлива победа против Астраион со 30-18 во плеј-аутот во Првата лига.

Преспа 2015 на полувреме имаше предност од 12-10. Во второто полувреме Преспа 2015 ја зголеми разликата за на крај да забележи висока победа против Астраион.

Најефикасен во екипата на Преспа 2015 беше Андреј Божиновски со 11 погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васко Стојанов со пет погодоци.

(фото-Рк Преспа 2015)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.