kire lazarov

Претседателот на Еурофарм Пелистер со подарок за младите играчи во школата

Претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев ќе им подари оригинален подарок на младите ракометари од школата на клубот. Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.

Книгата претставува учебник за секој млад ракометар. Лазаров својата ракометна репутација ја стекна како член на битолскиот клуб. Настапуваше во Битола од 1997 до 2000 година и ги освои сите можни трофеи во македонскиот ракомет. Тој е омилен меѓу сите фанови на Еурофарм Пелистер, приврзаниците на Пелистер и македонските љубители на ракометот. Затоа клубот смета дека овој подарок е соодветен за оваа пригода.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести