Денес Ракометната федерација на Македонија присуствува на Регионалниот спортски самит 2025 во Скопје, настан кој ги обединува спортските федерации, клубови, спортисти, институции, компании и медиуми со заедничка цел: обликување на иднината на спортот во земјата и регионот.
Претставници на самитот од Ракометната Федерација на Македонија се Александар Стефанов, претседател на Федерацијата, и Индира Кастратовиќ, координатор на женските селекции.
“Горди сме што сме дел од иницијатива која носи нови идеи, партнерства и иновации, со заедничка цел – создавање подобра иднина за спортот”, – објавија од РФМ.


(фото – РФМ)📷