Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија, и Влатко Тасевски, генерален секретар на Федерацијата, присуствуваат на овогодинешниот Изборен конгрес на Европската ракометна федерација (ЕХФ), кој се одржува во Андау, Австрија.
Овој значаен настан претставува можност за размена на искуства, унапредување на меѓународната соработка и зацврстување на позицијата на македонскиот ракомет во европското семејство.


(фото – РФМ)📷