Признание за Филип Миркуловски од Агенцијата за млади и спорт

Наумче Мојсовски кој е актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец на Македонија, му оддаде признание за особен придонес за афирмација на ракометот.

Филип Миркуловски кој има 38 години против Чешка го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Македонија.

“За ракометарот нема последна игра! 🤾‍♂️Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! 🤾‍♂️Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја!🇲🇰🇲🇰🇲🇰Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот 🤝👏👏👏Ти благодариме,” – изјави Наумче Мојсовски.

(фото-АМС)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.