Прилепчанецот Лука Лешникоски со екипата на Голден Арт стана шампион во младинската лига

Младиот Лука Лешникоски од Прилеп, кој има 17 години и настапува на позицијата десно крило со младинската екипа на Голден Арт стана шампион во младинската лига.

Лешникоски освен за младинската екипа, настапува и за вториот тим на Голден Арт, кој се натпреварува во Првата лига. Тој претходно беше дел и од екипите на Филип Вардар, Макалоски и Прилеп.

“Задоволен сум и чест ми е што освоив трофеј со екипата на Голден Арт во младинската лига, и прекрасно е чувството да го носам дресот на овој тим. Пресуди тимската игра на овој Ф4 турнир и на чело со тренерот Филип Глигоров, кој беше потпора на се, мислам дека го заслуживме овој пехар и ја остваривме нашата цел за оваа сезона”, – изјави Лука Лешникоски за МК Ракомет.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.