Екипата на Прилеп забележа победа против тимот на Бутел Скопје со резултат 28-27 во натпревар од 1. коло од Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје го презеде водството на полувреме со 13-11. Во второто полувреме Бутел Скопје продолжи со предноста, но тимот на Прилеп успеа да направи пресврт, и на крај да ги освои бодовите.
Најефикасен во тимот на Прилеп беше Владан Кастратовиќ со седум гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Димитар Ѓеоргиевски со десет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷