Прилеп вчера стартуваше со првите подготовки за претстојната сезона 2023/2024 на чело со новиот тренер на клубот Божидар Мојсов.
Со неколку воведни зборови за среќен почеток и успешен пласман за оваа сезона започна првиот тренинг на тимот на кој присуствуваше управата на клубот, претставници на генералниот спонзор Комфи Ангел, а успешна сезона им посака и градоначалникот Борче Јовчески.
На самиот тренинг беше презентиран и ростерот на новодојдените играчи и тоа: Драган Јелушиќ, Томче Трајчевски, Никола Цветаноски, Пеце Рајатоски, Владан Кастратовиќ, Давид Ацевски, како и Јован Соколоски заедно со Михаил Ангелески кои се вратија во Прилеп од редовите на екипата на Еурофарм Пелистер од младинските категории.
(фото – Рк Прилеп)📷