Рк Прилеп

Прилеп гледа кон плеј-оф,совладан Радовиш

Ракометарите на Прилеп дојдоја до четвртата победа во Суперлигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Радовиш со 35-28.

Екипата на Прилеп од почетокот сериозно тргна во натпреварт откако водеше со 3-0 на стартот. Прилепчани ја одржуваа предноста со три гола разлика, за на полувремето резултатот биди 20-17 за екипата на Прилеп.

Потоа во вториот дел Радовиш успеваше да се врати, но Прилеп ја одржуваше предноста од три до четири голови, со добрата одбрана прилепчани го заверија триумфот на гостите од Радовиш.

Најдобар стрелец во екипата на Прилеп беше десниот бек Хари Павлов со 10 погодоци, додека кај екипата на Радовиш најдобар стрелец беше централниот бек Здравко Постолов со 9 погодоци.

Рк Прилеп 35-28 Рк Радовиш

(фото-Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.