Екипата на Прилеп продолжува со победите во плеј-аутот од Супер лигата, откако го надигра тимот на Мулти Есенс со резултат 34-31.
Тимот на Прилеп од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност 18-16. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Прилеп, па на крај да слави против Мулти Есенс.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Владан Кастратовиќ со осум гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Димитар Узунчев со десет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷