Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 33-28 во 1. коло од турнирот “Миле Нешкоски”.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасни беа Дамјан Субашевски и Димитар Узунчев со по пет гола.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 славеше против Тинекс Пролет со високи 27-16 на турнирот во Прилеп.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Азис Махфуд со шест гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Глигоров со седум гола.
(фото – Меморијален турнир “Миле Нешкоски”)📷