Ракометарите на Прилеп го совладаа Вардар Неготино со резултат 22-18 за прва победа во Супер лигата.
Екипата на Прилеп од почетокот па се до крајот на натпреварот имаше водство против Вардар Неготино.
Најефикасен кај екипата на Прилеп беше Давор Шокоски со шест гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Емини со три гола.
(фото-Рк Прилеп)📷