Прилеп му го нанесе првиот пораз на Куманово во плеј-аутот

Екипата на Прилеп го совлада тимот на Куманово со минимални 23-22 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Прилеп го презеде водството во првото полувреме, и на пауза замина со 12-7. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Прилеп, па на крај да се радува на триумф против Куманово.

Во вториот дел од натпреварот поради три исклучувања, Филип Велески од екипата на Прилеп заработи црвен картон.

Најефикасен во тимот на Прилеп беше Гавашелишвили со шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Кастратовиќ исто така со шест гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести