Составот на Прилеп забележа победа против тимот на Голден Арт со конечни 31-25 во натпревар од 14. коло во плеј-аутот од Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот тимот на Прилеп доминираше на теренот, иако Голден Арт даваше отпор сепак бодовите останаа за прилепчани.
Најефикасен во тимот на Прилеп беа Антонио Бурчевски, Мириани Гавашелишвил и Уча Гамзардија со по пет гола, додека кај Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷