Екипата на Прилеп одигра нерешено против екипата на Фруитленд Борец со конечни 38-38 во Супер лигата.
Тимот на Фруитленд Борец го имаше водството, но сепак тимот на Прилеп одигра добро во последните неколку минути од натпреварот и двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Никола Цветаноски, Денис Шабановиќ и Божидар Илиески со по седум гола, додека кај Фруитленд Борец најефикасен беше Гуедеш со девет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷