Ракометарите на Прилеп започнаа со подготовките за вториот дел од сезоната 2023/2024, каде екипата ќе настапува во плеј-аутот од Супер лигата.
На почетокот на тренингот, топло добредојде тимот му посака на Ангелче Органџиев и Ерик Андраде, кои ќе бидат дел од тимот во наредниот период во борбата за опстанок во Супер лигата.
Наскоро, во текот на подготвителната фаза ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со Дубочица од Лесковац и Тиквеш.
(фото – Рк Прилеп)📷