Прилеп победнички низ Куманово

Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Куманово со 29-27 во последниот натпревар од Супер лигата.

Во првото полувреме екипата на Прилеп беше подобра на теренот, па на полувреме замина со предност од 13-12. Во второто полувреме исто така екипата на Прилеп беше подобра и успеа да оствари победа против Куманово.

Најефикасен во тимот на Прилеп беше Давор Шокоски со седум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ со пет гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.