Прилеп победнички против Вардар Неготино

Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино со конечен резултат 42-34 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.

Тимот на Прилеп од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Вардар Неготино.

Најефикасен кај екипата на Прилеп беше Христи Бикоски со осум гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Мирослав Митевски со 13 гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.