Ракометарите на Прилеп забележаа победа против составот на Мулти Есенс со конечни 34-31 во Супер лигата.
Иако на полувреме Мулти Есенс имаше предност од 19-16, сепак во второто полувреме подобар тим беше Прилеп.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Пеце Рајатоски и Владан Кастратовиќ со по седум гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Давид Димевски со осум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷