Ракометарите на Прилеп забележаа победа против Скопје 2020 со 32-24 во 1. коло од плеј-аутот од Супер лигата.
Тимот на Прилеп од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Владан Кастратовиќ со девет гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Давор Шокоски исто така со девет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷