Екипата на Прилеп успеа да се избори за победа на домашен терен против Голден Арт со 26-23 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако на полувреме Голден Арт имаше предност од 13-11, сепак во второто полувреме Прилеп успеа да се врати, па на крај да слави победа.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Денис Шабановиќ со седум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Христијан Милошески исто така со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷