Прилеп славеше на тешкото гостување во Радовиш

Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со резултат 19-17 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Тимот на Прилеп од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 11-8. Во второто полувреме екипата на Радовиш успеа да се врати, но немаше доволно сили за да му парира на Прилеп.

Најефикасен во тимот на Прилеп беше Шокоски со шест гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Марков со пет гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.