Екипата на Прилеп забележа минимална победа кај Вардар Неготино со конечни 29-28 во натпревар од Супер лигата.
Прилеп го презеде водството, па на пауза замина со предност од 14-12. Во второто полувреме Вардар Неготино се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасен кај екипата на Прилеп беше Давор Шокоски со девет гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Ѓорѓи Ташев со пет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷