Тимот на Прилеп оствари победа против Металург РА со конечен резултат 36-22, и се пласира во осминафиналето во Купот на Македонија.
Екипата на Прилеп имаше контрола на резултатот од почетокот на натпреварот, и на пауза замина со предност од 19-12. Прилеп во второто полувреме лесно се справи со Металург РА, за пласман во осминафиналето во Купот.
Најефикасен во тимот на Прилеп беше Антонио Бурчевски со седум погодоци, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Дамјан Наумовски со десет погодоци.
(фото – Рк Прилеп)📷