Ракометарите на Прилеп успеаа да се пласираат во следната фаза во Купот на Македонија, откако на гостински терен во Струмица ја совладаа екипата на Астраион со 37-25.
Екипата на Прилеп уште од почетокот на првиот дел од натпреварoт го превзеде водството, за на полувреме да замине со осум гола разлика 18-10. Во вториот дел од натпреварот екипата на Прилеп продолжуваше да го полни голот на Астраион, додека домаќините немаа одговор за да возвратат.
Најефикасен во составот на Прилеп беше Хари Павлов со 12 погодоци, додека најефикасен кај Астраион беше Иванче Ончев со 15 погодоци.
Рк Астраион 25-37 Рк Прилеп
(фото-Рк Прилеп)