Екипата на Прилеп забележа победа против составот на Радовиш со високи 35-26 во 1. коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Прилеп од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со 18-12. Во второто полувреме Прилеп немаше проблеми околу победата против Радовиш.
Најефикасен во тимот на Прилеп беше Давор Шокоски со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Јакша Вјештица со шест гола.
(фото – Рк Прилеп)📷