Екипата на Прилеп забележа висока победа против Текстилец со конечни 38-20 и обезбеди пласман во наредната фаза од Купот на Македонија.
Составот на Прилеп од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да слави против Текстилец.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Христи Бикоски со 12 гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Јован Атанасовски со 8 гола.
(фото – Рк Прилеп)📷