Екипата на Прилеп забележа убедлива победа против екипата на Радовиш со високи 38-16 во Супер лигата.
Составот на Прилеп победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 20-8.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Денис Шабановиќ со седум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Томче Трајчевски и Иванче Ончев со по четири гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








