Екипата на Охрид продолжува со победите во Супер лигата, на домашен терен совладана екипата на Вардар Неготино со 28-25.
Тимот на Охрид во првото полувреме направи предност, па на пауза замина со резултат 15-12. Во второто полувреме Вардар Неготино неможеше да му парира на Охрид и мораше да се задоволи со пораз.
Најдобар стрелец во екипата на Охрид беше Тоше Ончев со 9 гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најдобар стрелец беше Ѓорѓи Ташев со 6 гола.
(фото-ГРК Охрид)📷