Со првиот Јуниор Куп, турнир во мини ракомет, најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија, дел од проектот Ракомет За Секое Дете, го прослави својот втор роденден и најубав начин ја најави третата сезона од своето постоење.
Со натпревари помеѓу екипите составени од децата од школата, поделени според возраст и ракометно искуство, торта и дување свеќа, многу дружење и забава, членовите на школата од Скопје и Велес, заедно со своите тренери и родители го прославија вториот роденден и ја најавија третата сезона од функционирањето на проектот.
Проектот Ракомет За Секое Дете, кој е составен од три сегменти, школа за ракомет, Јуниор Куп – турнирски систем на натпревари за децата од школата и ракометен камп „40х20“, со работа стартуваше во септември 2021 година, со мисија на секое дете, кое има афинитет да се занимава со спорт и особено ракомет, да му овозможи да тренира и да го развива својот талент во средина која ќе може да му овозможи услови за правилен психофизички развој. Школата за ракомет одржува тренизни на повеќе локации, во повеќе општини во Градот Скопје и Општина Велес и брои повеќе од 220 момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 13 години.
Од самиот старт, имајќи предвид искуството на агенцијата КМГ Спорт, проектот Ракомет За Секое Дете постави високи стандарди на функционирање, овозможувајќи им на децата да работат со тренери кои се, пред се, професори по физичка култура и врвни педагози, да играат натпревари, како проверка на стекнатото знаење, да се дружат и социјализираат и да го надоградуваат своето знаење на летниот ракометен камп во Охрид.
(фото – Ракомет За Секое Дете)📷