Тренерот на Феникс АМС, Николче Костовски промовира колекцијата од шест книги. Промоцијата на книгите и предавањето се одржа на факултетот за информатички науки ФИКТ во Битола.
Се работи за колекција од шест книги, два ракометни софтвери и три мултимедијални цедиња, кои се однесуваат на мини ракометот, спортската исхрана, скаутингот и спортскиот талент менаџмент. Содржината на книгите е создадена во текот на дваесет години, а целта на истата е да помогне на секој што е вклучен во ракометот и спортот воопшто.
На овој настан присуствуваа Проф. др. Гино Стрезовски, Проф.др. Влатко Неделковски, промоторот Зоран Мишевски и ракометарките на Феникс АМС и други присутни гости.
Колекцијата на книги,софтверите како и мултимедијалните цедиња можете да ги најдете во спортската библиотека на АМС-агенција за спортски консалтинг на веб страната www.feniks-mk.com,како и во просториите на ЖРК Феникс АМС.


(фото-ЖРК Феникс АМС)📷