Екипата на Ваљадолид пред медиумите во Шпанија ги промовираше двајцата македонски ракометари Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски за новата сезона.
Димитар Димитриоски пристигна од Еурофарм Пелистер 2, а настапуваше и за Металург и Вардар 1961.
„Многу сум благодарен и среќен што можам за прв пат да ја напуштам мојата земја и да бидам во Шпанија. Го познавам Давид Писонеро од Вардар и мислам дека можеме добро да ги направиме работите, сакам да продолжам да растам за тимот и да дадам се од себе на теренот. Од првиот ден кога пристигнав се чувствувам како да сум тука долги години и сите играчи ме прифатија и тоа ми даде повеќе енергија“, – изјави Димитар Димитриоски.
Дарко Димитриевски претходно настапуваше во шпанските тимови Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер.
„Благодарам на клубот што ми дозволи да бидам тука, со Давид разговарам две-три години и оваа година конечно успеав да дојдам да бидам дел од овој тим. Ја познавам земјата и Асобал лигата, јазикот ме прави посмирен и можам да комуницирам со луѓето од клубот. Се надевам дека ќе направиме добра група, соиграчите се добри играчи и добро тренираме, иако сме млада екипа, мора да одржуваме победнички менталитет“, – изјави Дарко Димитриевски.
(фото – Рк Ваљадолид)📷