Во новата сезона 2022/23 Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 добија нови капитени.
На местото на Јосип Периќ, кој замина на крајот од минатата сезона, траката во тимот на Еурофарм Пелистер му припадна на Мирко Радовиќ.
Васко Димитровски се пензионира и ја отстапи капитенската трага на Стефан Талевски во Еурофарм Пелистер 2.
Официјализацијата ја одбележа клубот со подароци кои на капитените им ги врачија спортските директори на двата клуба Димитар Митревски и Горан Петровски.

