Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа прес-конференција по повод промовирањето на новиот спонзор на федерација.
На прес-конференцијата присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров и Рената Матушиновиќ генерален директор за категоријата храна за Југоисточна Европа во компанијата Нестле.
На настанот официјално беше претставен “MAGGI” како нов спонзор на македонската ракометна репрезентација во наредните две години.


(фото – РФМ)📷








