Екипата на Еурофарм Пелистер го промовира рускиот репрезентативец Денис Васиљев кој настапува на позицијата пикер.
Денис Васиљев со екипата на Еурофарм Пелистер потпиша договор до 2024 година. Васиљев досега настапуваше за екипите на Мотор Запорожје, Шартр, Чеховски Медведи и Динамо Астрахан, настапува и за репрезентацијата на Русија.
“Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација”, – изјави Денис Васиљев.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷