Промоција на книгата “60 години Рк Пролет”

Ракометниот клуб Тинекс Пролет во понеделник ќе ја промовира книгата „60 Години РК Пролет“, посветена на досегашното успешно непрекинато функционирање на спортскиот колектив на клубот.

Во неа е искажан убав историски осврт, за почетоците на ракометната игра во Македонија, создавањето на Пролет, битките што се водени на територијата на Југославија, како и предизвиците и успесите на клубот во поновата историја, вклучувајќи ги и неколкуте авантури на Тинекс Пролет во европските натпреварувања.

Меѓу останатото, посебен простор е издвоен за „Дванаесетте величествени“, големи играчи кои настапувале или се уште настапуваат за РК Пролет, потоа за женскиот клуб на Пролет, како и за гордоста на РК Пролет – верните навивачи кои со децении наназад се заштитен знак на клубот.

Промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет“ ќе се одржи во понеделник со почеток во 12 часот во “Лиса Центар“, населба Ново Лисиче.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести